Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > По три бода во Охрид
По три бода во Охрид

По три бода во Охрид

Денеска на програмата се четири натпревари од 22 коло во ПМФЛ. Нашиот црвено – црн тим гостува во Охрид кај тимот на Младост Ц.Д. Без никакви дилеми, нашите момци треба да ја продолжат победничката серија во ПМФЛ без пораз. Младост е предпоследен тим во ПМФЛ, но на домашен терен игра многу незгодно, самото тоа говори  што нашите играчи на минатиот натпревар во Охрид, победија само со 1-0 и тоа со гол од белата точка дело на Фелипе.

Очекуваме денеска брзо да го ”скршиме мразот” па потоа да играме мирен фудбал, па головите сами ќе си доаѓаат. Како што истакна и Мијушковиќ за официјалната страна на клубот, најважно е денеска да постигнеме ран погодок, па работите да си ги олесниме уште на почетокот. Останува да го погледнеме овој натпревар, кој започнува во 14 часот.