Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Ракометарките на Вардар активни со своите селекции на квалификационите мечеви за ЕП
Ракометарките на Вардар активни со своите селекции на квалификационите мечеви за ЕП

Ракометарките на Вардар активни со своите селекции на квалификационите мечеви за ЕП

Девојките од женскиот ракометен клуб Вардар вчера беа активни со настапи за своите селекции на квалификациони натпревари за европското првенство во Шведска. Македонската репрезентација на Кале беше минимално поразена од Словенија, со резултат 21:22. Повторно најистакнати ракометарки се од редовите на Вардар. Во нашата репрезентација најефикасна беше Симона Стојановска со 5, додека Сара Ристовска беше втор стрелец со 4 погодоци. Во победничката екипа најдобар стрелец беше најновото засилување за Вардарки Тамара Мавсар, додека Барбара Лазовиќ додаде 5.

Црна Гора и Хрватска одиграа нов интерен натпревар, на кој Црнагорките се реваншираа за поразот во Сплит. Овој дуел го добија со резултат 31:29. Две црвено-црни ракометарки учествуваа со своите погодоци во победата. Јованка Радичевиќ постигна 5 и Андреа Кликовац 2. На спротивната страна Пенезиќ повторно најдобар поединец за репрезентацијата на Хрватска со 8 голови. Итана Грбиќ и Андреа Човиќ беа дел од составите на двете репрезентации, сепак не успеаа да се запишат во листата на стрелци.

Франција беше поуспешна во дуелот со Германија и забележа триумф од 25:19. Амандин Лејно на голот оствари 8 успешни интервенции, додека Сираба Дембеле погоди 4 пати. Русија ја изненади Данска на гостински терен и славеше победа од 22:24. Единствената Вардарка во оваа селекција Олга Черноиваненко еднаш се запиша во листата на стрелци.