Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > ЦВЕТАН ПАНЕВ, ПОРАНЕШЕН АТЛЕТИЧАР НА АК “ВАРДАР”..пишува: Проф.Бошковиќ
ЦВЕТАН ПАНЕВ, ПОРАНЕШЕН АТЛЕТИЧАР НА АК “ВАРДАР”..пишува: Проф.Бошковиќ

ЦВЕТАН ПАНЕВ, ПОРАНЕШЕН АТЛЕТИЧАР НА АК “ВАРДАР”..пишува: Проф.Бошковиќ

Повторно професорот Бошковиќ Мирослав низ својте длабоки пензионески години не носи на ново патување низ историјата на АК Вардар, на Македонската и југословенската атлетика.
Со доаѓањето на Ѓорѓи Нечев за тренер во АК “Вардар”, во средината на 60-те години доаѓа до омасовување на клубот и неговата консолидација. Речиси сите дисциплини биле пополнети со мошне квалитетни атлетичари. Особено се чувствувал подем во спринтот, каде се појавуваат неколку извонредни спринтери, кои остваруваа забележителни резултати не само во Републиката туку и на југословенските простори, а неколкумина од нив беа повикани во составот на репрезентацијата на Југославија. Меѓу тие талентирани спринтери кои во тоа време доминираа на атлетската патека, беше и Цветан Панев. Со својата извонредна конституција и техниката на трчањето, набрзо стана еден од најбрзите атлетичари во Македонија на 100, 200, 400 и штафетите 4×100 и 4×400 метри. По првите успеси на рапубличките натпревари, група членови на АК “Вардар” со тренерот Нечев, во 1967 година, учествуваа на поединечното првенство на Југославија за постари младинци во Цеље, каде постигнаа извонредни резултати и се најдоа во самиот врв на југословенската атлетика. Во трката на 100 метри, Панев го освои 5 место со време 11,5. Наредниот ден учествуваше во дисциплилната 200 м. освојувајќи го 6 место со резултат 24,4 . На овој натпревар мошне забележителен успех постигна штафетата на Вардар 4×100 метри во состав: Тасевски Зоран, Панев Цветан, Карер Владимир и Терзиев Перо, која го освои 5 место со време 45,0.
120426315_353304345868566_4284709535157977692_n
Покрај тоа , овие атлетичари никогаш нема да го забораваат својот настап во штафетата 4×400, која го освоији првото место и стана првак на Југославија со време 3:38,1. Во 1967 година, Панев беше член на штафетата на клубот 4×400 метри, која постави нов рекорд на Македонија за постари младинци со време 3:30,0 . Наредната 1968 година, како за АК “Вардар”, така и за Панев Цветан тоа беше најуспешната атлетска сезона во неговата кариера. На натпреварите во рамките на Купот и екипното првенство на Македонија, секогаш се пласираше во финалната трка, во која најчесто настапуваше со Ташко Благоев, Зоран Тасевски, Ѓорѓи Чадиковски, Дончо Коевски и Стојан Горубински . На 200 м. имаше најдобар резултат од 22,8 , на 400 м. 51,3 а на 300 м. 36,5. Во 1968 година, домаќин на поединечното првенство на Југославија за постари младинци беше Скопје. Во поединечна конкуренција, Панев во трката на 200 метри беше пети со време 23,4 . Но најголем успех нашите атлетичари повторно го постигнаа во штафетите. Во штафетата 4×100 метри, Панев настапи заедно со Тасевски, Карер и Терзиев, во трката во која го освоија првото место со време 44,0 , пред штафетата на Ц.Звезда со резултат 44,5.
120277661_353304719201862_407942548973194674_o
Еве, се роди уште една титула за АК Вардар и Цветан Панев. Наредниот ден се одржа и трката во штафетата 4×400 . Екипата во која учествуваа Треневски, Терзиев, Тасевски и Панев, со време 3:33,6 , стана вицешампион на Југославија, веднаш зад АК “Црвена Звезда” која трката ја заврши со време 3:33,4 . Извонредните резултати на атлетичарите на АК “Вардар” постигнати во 1968 година беа препорака за повик на неколку атлетичари во репрезентацијата на Југославија на тромечот меѓу Италија – Полска – Југославија кој се одржал во градот Ливорно, Италија. Покрај Цветан Панев, од Вардар учествуваа и Тасевски Зоран, Карер Владимир, Трајчев Љупчо, а со нив во репрезентацијата на Југославија настапи и атлетичарот од АК “Работнички”, Јанко Јакимовски. На овој натпревар, Панев настапи во штафетата 4×100 метри, заедно со Бранко Туцаковиќ, Габор Ленѓел и Зоран Тасевски.
120290113_353304992535168_5330182082746047005_n
 Во тоа време Панев неколку пати учествуваше на повеќе меѓународни натпревари во Скопје и неколку бугарски градови. Учествуваше и на меѓународниот митинг “Лазо Милошевски”, на кој исто така постигнуваше солидни резултати. Во 1969 година, во рамките на спортската соработка романскиот град Брашов, беше одржан атлетски двомеч меѓу репрезентациите на Скопје и Брашов, во романскиот град. На овој атлетски настан учество зедоа речиси сите најдобри атлетичари од атлетските клубови Вардар и Работнички.
120330901_353305519201782_2779227620171061003_o
Цветан Панев беше исто така дел од оваа квалитетна атлетска екипа. Во периодот кога требаше да постигнува уште подобри резултати, со започнувањето на студиите на Машинскиот факултет во Скопје, во почетокот на 70-те години се повлече од натамошното занимавање со атлетиката. Останува само да констатираме дека имаше можности да постигне многу повеќе од ова што го постигнал.