Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Каков натпревар на Ристовски: ЧЕТИРИ погодоци и 18 ОДБРАНИ!!!
Каков натпревар на Ристовски: ЧЕТИРИ погодоци и 18 ОДБРАНИ!!!

Каков натпревар на Ристовски: ЧЕТИРИ погодоци и 18 ОДБРАНИ!!!

Вардар испушти голема можност за втора победа во Лигата на шампионите. Со гол во последните три секунди од натпреварот, екипата на Порто се избори за нерешен резултат 25:25.

Феноменална, најдобра партија во дресот на Вардар имаше првиот голман на тимот, Борко Ристовски. Маестралниот чувар на мрежата на ,,црвено – црните” постигна за него неверојатни и рекордни четири погодоци на еден натпревар. Но, тоа не беше се… Феноменалниот Борко запиша и дури 18 одбранети удари на противникот, некој во клучната фаза од дуелот.

На крајот, само штета што оваа феноменална партија на голманот не ја круниса неговиот тим со победа.

Сепак, секоја чест за Ристовски кој брани во одлична форма!