Вардар повторно го напушта еден млад и надежен кошаркар кој својата иднина ќе ја гради во главниот град на нашиот северен сосед. Со ова покажауваат црвено-црните дека се најдобра младинска школа за создавање кошаркски кадар.
Младеновски Сергеј, младиот „плеј“ на Вардар ќе биде дел од екипата на КК Црвена Звезда од Белград. Клубот на официјалната страница информираше за ова преминување, воедно му се заблагодари на кошаркарот за времето минато во клубот и за придонесот кон успесите кои се остварени.