Првите осум екипи на табелите од двете конкуренции, машки и женски до крајов на месецот ќе играат мечеви во одбојкарскиот куп на Македонија. На програмата се првите мечеви од четвртфиналната фаза.
Дамите на ОК.Виктори волеј и ОК Вардар го одиграа премиерниот меч од женското четвртфинале. Црвено-црните одбојкарки ја оправдаа фаворитската улога и славеа во три сета. Победата како гостин дојде со максимални 0-3. Ова се паровите кај дамите во Купот:
1/4-Финале први дуели:
Виктори волеј – Вардар (ж) 0-3
Пелистер волеј – Работнички Скопје
УГД Студент жени – Струмица жени
Јанта волеј Форца – Наковски волеј