Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Какви се опциите за Вардар на две кола пред крајот на групната фаза, кој може да биде евентуален противник во 1/8 финалето
Какви се опциите за Вардар на две кола пред крајот на групната фаза, кој може да биде евентуален противник во 1/8 финалето

Какви се опциите за Вардар на две кола пред крајот на групната фаза, кој може да биде евентуален противник во 1/8 финалето

До крајот на групната фаза во Лигата на Шампионите остануваат да се одиграат уште две кола, по што ќе бидат познати сите осминафинални двојки.

Вардар и седма сезона по ред се пласира во најдобрите 16 екипи, а се уште не е познато кој ќе биде негов противник во осмина-финалето. Има многу теории, а се зависи од тоа на која позиција ќе заврши Европскиот Шампион во најсилната група Б. Без разлика на исходот од последните два натпревари, црвено-црните се сигурни на 6.место, а највисокиот скок кој може да го направиме е 4.позиција. Во сабота го играме одлучувачкиот натпревар против екипата на Порто, па можеби ќе бидат и појасни калкулациите за момжниот противник на Вардар во 1/8 финалето. Доколку славиме на гостувањето во Португалија, сигурни сме и на петтата позиција, но евентуален триумф ни носи и голема шанса за пласман на четвртото место. Во овие моменти, екипата на Киелце се наоѓа на таа позиција, која сме сигурни дека ќе ја потврди после вечерашната победа кај Мотор Запорожје и на тој начин ќе се стекне со бодовна предност која никој нема да може да им ја загрози во последното коло. Сепак, тука е и тимот на Монпелје кој има 15 бодови, додека Вардар има 11. Монпелје во претпоследното коло гостува кај екипата на Веспрем, на овој дуел унгарците се апсолутни фаворити за бодовите, додека во последното коло, Монпелје ќе гостува во Скопје кај  нашиот Шампион. Во случај, црвено-црните да ги добијат последните два меча, а Монпелје да ги загуби истите, тогаш ние ќе завршиме на четвртото место. Во случај на пораз од екипата на Порто, Вардар ќе ги задржи шансите само за 5.место на табелата, но само во случај ние да славиме во последното коло, а португалците да загубат на гостувањето кај Брест Мешков.

Интересно е и во групата А, каде е сигурно дека Барселона го обезбедува првото место и директниот пласман во четврт-финалето. Сепак неизвесен е конечниот пласман на другите екипи во групата. Пик Сегед пропушти шанса со победа над Фленсбург да го обезбеди второто место во групата, па станува се поизвесно дека на крајот ќе завршат и на третата позиција, што може да ги донесе во евентуален двомеч со Европскиот Шампион. Во последните две кола во групата, ПСЖ е голем фаворит во дуелите на домашен терен со екипите на Елверум и ППД Загреб, па доколку победат, момците на Гонзалез ќе завршат на второто место, со оглед дека во случај на еднаков број на освоени бодови со Пик Сегед, „светците“ се подобри во нивниот меѓусебен дуел. Се разгоре битката и за 4.место на табелата, од кое исто така може да се добие противникот на Вардар. Со вчерашниот триумф, Фленсбург се израмни со бројот на освоени бодови со екипата на Алборг, која беше на 4.место пред ова коло. Во претпоследното коло, Алборг го очекува дуел против Загреб во Хрватска, додека  во последното коло е домаќин на Елверум. Во очекување е , Фленсбург да го добие мечот против екипата на Целје, за крај на групната фаза. Алборг е во подобра позиција за освојување на 4.место со оглед и да имаат ист број на бодови со Фленсбург, данците се подобри во нивниот меѓусебен дуел.

Заклучокот од сето напишаното е следното ( во заграда е бројката на позицијата на која може да заврши Вардар, од која ќе зависи и евентуалниот противник):

Вардар (6) – Пик Сегед/ПСЖ  ( многу поблиску до двомеч со Пик Сегед)

Вардар (5) – Алборг/Фленсбург  ( многу поблиску до двомеч со Алборг)

Вардар (4) – Фленсбург/Алборг  ( многу поблиску до двомеч со Фленсбург )