Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар: Апелираме до сите компании да ги искористат бенефитите на „спортски ваучер“ и да го помогнат спортот
КК Вардар: Апелираме до сите компании да ги искористат бенефитите на  „спортски ваучер“ и да го помогнат спортот

КК Вардар: Апелираме до сите компании да ги искористат бенефитите на „спортски ваучер“ и да го помогнат спортот

Денес на официјалната страница на црвено-црниот кошаркарски колектив беше поставено соопштение.  Објавата на кошаркарскиот клуб Вардар ви го пренесуваме во целост:

Kошаркарските колективи кои со гордост го носат името Вардар го изразуваат задоволството што системот кој што пред две години го презентираше m Агенцијата за млади и спорт, наречен спортски ваучер ги дава предвидените резултати. Особено радува фактот што доделувањето на истиот од страна на владата на РМ во 2020 година е во предвидениот рок и веќе на располагање на спортските субјекти како механизам на финансирање на планираните спортски програми.
Минатата година, машкиот и женскиот кошаркарски клуб Вардар добија ваучери во вредност од над 9 милиони денари, каде благодарејќи на одредени компании кои ги препознаа спортските програми и проекти на нашите колективи, успеавме во целост да го реализираме истиот, но и да оствариме контакт со голем број на стопански субјекти кои и во иднина ќе го препознаваат овој вид на финансирање во спортот.
Нашиот бренд Вардар, како најстар спортски субјект во град Скопје и без финансиска помош од градот или општината, финансиран единствено од приватни стопански субјекти, во овој владин проект за финансирање во спортот гледа единствена можност за затварање на финансиските конструкции и градење на подобри услови за спортистите и спортските работници.
Она што причинува задоволство е дека најголем дел од средствата се користат во подобрување на условите во младинските категории пред се за селекција и развој на домашни спортисти преку кои и нашите колективи се препознаени во спортската јавност.
Поради тоа, апелираме до сите компании да ги искористат бенефитите од владината мерка наречена спортски ваучер и да го помогнат спортот. Секако, апел и до Агенцијата за млади и спорт и Владата на Република  Македонија да продолжат со зголемувањето на средствата кои се предвидени како мерки за субвенции и подршка на спортистите бидејќи тие се најдобри промотори на нашата земја.

Со почит
КК и ЖКК Вардар