Хрватското крило Иван Чупиќ во интервју за „Јутарњи“ говори за сегашната ситуација во редовите на Европскиот првак. За тоа дека не се знае ништо, но и дека имале состанок со Сергеј Самсоненко и Михајло Михајловски на кои разговарале за иднината, која ќе се знае повеќе по крајот на месецот.
„Знаевме дека мораме да победиме со Мотор затоа што со некој друг резултат си го ризикувавме пласманот во вториот круг. А, ќе беше навистина глупаво да упропастевме се. Се собравме, добро го отворивме мечот и потоа беше полесно. Дека ќе победиме така убедливо и ние самите не верувавме“.
„Навивачите и ние не сме се откажале од Вардар, мислам дека тоа никогаш нема да се случи, а се останато е висока политика во која јас лично не се разбирам. Не се знае ништо. Имавме состанок со Сергеј Самсоненко и Михајло Михајловски, разговаравме. Ни кажаа дека ќе се знае повеќе до крајот на месецот. Што конкретно, не знаеме. Но, како и да е, до крајот на сезоната сум тука, а мислам исто размислуваат и останатите. Би сакал така да остане, да се стабилизираат работите, но засега навистина не знам ништо“, вели Чупиќ во интервју за „Јутарњи“.