Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нема санкција за Калараш, рускиот пикер ќе биде во составот за дуелот со Порто
Нема санкција за Калараш, рускиот пикер ќе биде во составот за дуелот со Порто

Нема санкција за Калараш, рускиот пикер ќе биде во составот за дуелот со Порто

Вардар ќе може да смета на услугите на Глеб Калараш за саботниот дуел против екипата на Порто.

На мечот со Мотор Запорожје, Калараш доби директен црвен картон поради удирање на противнички играч со лакт во лице. Сепак истражната комисија на ЕХФ откако ја анализира добро ситуацијата, утврди дека ќе нема дополнителна казна за Калараш, па тој ќе може да се стави на располагање на тренерот Алушовски.

Вардар во сабота гостува кај екипата на Порто, во рамките на претпоследното 13 коло, во најверојатно одлучувачкиот натпревар за пласман на 5.место во групата.