Како што информираат од Кугларската федерација на Македонија, утре, на 15.06.2019 (сабота) се закажани квалификациите за поединечното државно првенство во куглана Мусандра.
На исто од Кугларскиот клуб Вардар ќе имаме еден преставник станува збор за Дарко Димитровски. Тој ќе се обиде да одигра максимално иако не е во иделна тренинг форма во овој период од годината. За потсетување на кадетското поединичено првенство кое се играше во Битола и Скопје победникот дојде од редовите на Вардар. Станува збор за младиот и надежен куглар, Митиќ Мартин.