Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Локомотива Загреб подобра од Вардар, на турнирот во Сараево
Локомотива Загреб подобра од Вардар, на турнирот во Сараево

Локомотива Загреб подобра од Вардар, на турнирот во Сараево

Вардар го доживеа вториот пораз на турнирот „Играј фудбал, живеј живот“, кој се игра во Сараево. Екипата на Локомотива Загреб беше поуспешна, откако славеше триумф со резултат 3:0.

1

Тренерот Деспотовски стартуваше со следните 11-сетмина: Стојковски, Јовановски, Ѓорѓоски, Сељанац, Давков, Давидовски (c), Стојчевски, Хасани, Мирков, Стојановски, Алими.

2

Противникот по првото полувреме имаше водство од 2:0, двата гола беа примени по невнимание во нашата одбрана. Првиот директен удар го имаше тимот на Локомотива, еден од нивните играчи биеше крај нашиот гол. Имаше опасна прилика за гол, тимот од Загреб, после нафрлена топка од корнер во нашиот шеснаесетник, еден од противничките играчи беше највисок, бие со глава, за наша среќа топката оди над голот. Нова прилика за Локомотива, после недоразбирање во нашата дефанзивна линија, сепак Стојковски одбрани и спречи негатива. Антонио Мирков беше играчот кај Вардар, кој се закани од слободен удар, сепак бие над гол, од некаде 20 метри. За кратко време, екипата на Локомотива успеа да постигне два гола и на полувреме да замине со водство од 2:0.

4 5

Први измени во нашите редови, на стартот од второто полувреме. Во игра влегоа Живков, Ѓорѓиевски, Тасевски, Андрески, на местото на Сељанац, Мирков, Стојановски и Алими. Прва прилика во вториот дел за екипата од Хрватска, акција од левата страна, бие откасо еден од играчите на Локомотива, но Стојковски одлично брани. Во игра кај Вардар се и Марковски и Трпезановски, како и Исмаиљи. До крајот на натпреварот падна уште еден гол во нашата мрежа, за конечни 3:0 на овој меч.

Утре ќе го одиграме последниот дуел на турнирот, противник е тимот на МТК од Унгарија.