Денес својот 17ти роденден го прославува крилото на ЖРК Вардар и кадетската репрезентативка Сара Миновска. Станува збор за квалитетен крилен играч, одлична ракометарка која игра во два правци со изразито голема вештина и ракометна интелигенција. Миновска е перспективен играч кој допрва ќе покаже со што располага. Таа беше дел од сениорска екипа која дојде до Куп финалето и “бронзената” позиција во Првата лига.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН САРА!