Вчера своето деби во хрватската лига го имаше играчот кој мина од Вардар во Медвешчак Загреб, Бојан Влаќевски. Тој настапи на православен Божиќ првпат за својот нов тим и одигра одлично деби.
Медвешчак се сретна со тимот на Железник од Чаково и однесе победа со високи 6-2. Бојан во овој трумф “вгради“ одлични 590 соборени “дрва“. Тој се враќа назад во Македонија и пред следното коло авионски ќе замине за Загреб. Тимот каде што направи трансфер лани беше вицепрвак на Хрватска. Бојан од Вардар пред една недела мина во Хрватска. Годинава тимот каде што потпиша има мала криза и се бори за опстанок во елитата, оваа победа иде во прилог на тоа. Од осамостојувањето тој на Хрватска бил шест пати првак на земјата, голем број пати бил првак и во ех Југославија. Има десет меѓународни титули: седум титули во Светскиот куп, три во европскиот и една титула во НБЦ-купот.