Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Шампионската 1987 : табела, сите резултати, стрелци, листа на фудбалери кој настапија…( ФОТО+ВИДЕО)

Шампионската 1987 : табела, сите резултати, стрелци, листа на фудбалери кој настапија…( ФОТО+ВИДЕО)

Нема што многу да се кажува за значењето на славната 1987 година за Вардар, Скопје и Македонија таа сезона е со златни букви запишана во црвено – црната историја. Таа година Вардар беше на врвот на тогашната ЈУ- лига пред гигантите од т.н “голема четворка“, пред Валеж, Осиек, Ријека и другите кој завршија на пониски места на табелата од нашиот голем Вардар, кој беше таа година на врвот . Во овој текст ќе се обидеме да ви ја доловиме низ бројки, слики и видео таа шампионска година . Ова се сите мечеви на црвено- црните со датум на одигрување и резултати на полувреме/крај од истите во славната сезона 1986/87 .

Сараево (10/08/1986):
Железничар – Вардар 3:0 (1:0)Скопје (17/08/1986):
Вардар – Осиек 1:0 (1:0)Приштина (24/08/1986):
Приштина – Вардар 1:3 (0:2)

Скопје (31/08/1986):
Вардар – Црвена Звезда 1:0 (0:0)

Никшиќ (07/09/1986):
Сутјеска – Вардар 2:2 (1:0)

Суботица (14/09/1986):
Спартак – Вардар 1:1 (0:1)

Скопје (21/09/1986):
Вардар – Раднички 2:0 (1:0)

Сплит (28/09/1986):
Хајдук – Вардар 0:0

Скопје (05/10/1986):
Вардар – Вележ 0:3 (0:1

Сараево (12/10/1986)
Сараево – Вардар 1:0 (1:0)

Скопје (21/10/1986):
Вардар – Динамо Винковски 2:0 (2:0)

Белград (02/11/1986)
Партизан – Вардар 2:2 (0:2)

Скопје (16/11/1986)
Вардар – Будуќност 0:0

Тузла (23/11/1986)
Слобода – Вардар 1:1 (0:0)

Скопје (30/11/1986)
Вардар – Челик 2:0 (2:0)

Скопје (14/12/1986)
Вардар – Динамо Загреб 2:0 (1:0)

Риека (07/12/1986)
Риека – Вардар 3:1 (2:1)

Скопје (22/02/1987):
Вардар – Железничар 2:1 (1:1)Осиек (01/03/1987):
Осиек -Вардар 1:0 (0:0)Скопје (08/03/1987):
Вардар – Приштина 2:0 (1:0)

Белград (14/03/1987):
Црвена Звезда – Вардар 1:0 (1:0)

Скопје (22/03/1987):
Вардар – Сутјеска 4:2 (3:1)

Скопје (29/03/1987):
Вардар – Спартак 2:1 (2:1)

Ниш (05/04/1987):
Раднички – Вардар 0:0

Скопје (12/04/1987):
Вардар – Хајдук 1:0 (0:0)

Мостар (15/04/1987)
Вележ – Вардар 2:0 (1:0)

Скопје (19/04/1987) Вардар –
Сараево 3:2 (0:2)

Винковци (03/05/1987)
Динамо Винковци – Вардар 2:1 (2:0)

Скопје (10/05/1987)
Вардар – Партизан 0:0

Титоград (Подгорица 17/05/1987)
Будуќност – Вардар 3:0 (1:0)

Скопје (24/05/1987)
Вардар – Слобода 1:0 (1:0)

Зеница (31/05/1987)
Челик – Вардар 3:1 (2:1)

Загреб (14/06/1987)
Динамо Загреб – Вардар 4:1 (2:1)

Скопје (07/06/1987)
Вардар – Риека 2:0 (1:0)

Вардар благодарение на казните на 10 тима кој претходната година беа вплеткани во скандал со лажирање на резултати од одредени мечеви  и истите беа казнети со -6 бода стигна на врвот на конечната табела . Истата изгледаше на крајот на сезоната вака :

 1. Вардар  34  15 08 11   40:39   38
 2. Партизан  34  16 11 07   58:29   37    (-6)
 3. Вележ  34  19 04 11   65:46   36    (-6)
 4. Хајдук  34  14 08 12   41:41   36
 5. Црвена Звезда  34  16 09 09   57:37   35    (-6)
 6. Осиек  34  15 04 15   40:44   34
 7. Ријека  34  14 10 10   44:42   32    (-6)
 8. Динамо Загреб  34  14 09 11   49:43   31    (-6)
 9. Будучност  34  14 09 11   40:36   31    (-6)
10. Приштина  34  11 07 16   35:48   29
11. Железничар  34  14 06 14   55:46   28    (-6)
12. Сутјеска  34  12 10 12   50:52   28    (-6)
13. Слобода  34  09 10 15   38:44   28
14. Раднички  34  09 10 15   29:39   28
15. Динамо Винковци  34  10 08 16   29:51   28
16. Челик  34  14 05 15   48:52   27    (-6)
17. Сараево  34  12 09 13   39:49   27
18. Спартак  34  05 09 20   30:49   19    (-6)

Оваа сезона црвено- црниот свет дрес го носеа 27 фудбалери кои забележаа настап во екс Ју -лигата . Најмногу настапи имаше двоецот Савевски-Панчев кој настапи речиси на сите мечеви, ова е приказ на сите 27 фудбалери кои настапиjа и бројот на нивни мечеви таа шампионска сезона :

1. Тони Савевски – 33 настапи
2. Дарко Панчев – 32 настапи
3. Чедомир Јаневски – 31 настап
4. Илија Најдоски – 30 настапи
5. Мирко Петров – 30 настапи
6. Вујадин Станојковиќ – 29 настапи
7. Венцо Симоновски – 29 настапи
8. Драган Канатларовски – 28 настапи
9. Јовче Џипунов – 27 настапи
10. Никола Аврамовски – 24 настапи
11. Љупчо Лазаров – 22 настапи
12. Бобан Бабунски – 19 настапи
13. Момчило Грошев – 13 настапи
14. Зоран Трајчевски – 13 настапи
15. Благоја Тодоровски – 12 настапи
16. Горан Стојановиќ – 11 настапи
17. Слободан Горачинов – 10 настапи
18. Тони Анастасовски – 8 настапи
19. Гоце Димовски – 7 настапи
20. Николчо Филипов – 5 настапи
21. Васил Рингов – 4 настапи
22. Љупчо Марковски – 3 настапи
23. Суби Ајро – 3 настапи
24. Томче Трајановски – 3 настапи
25. Јовско Бизимовски – 2 настапи
26. Милко Симовски – 1 настап
27. Зоран Бошковски – 1 настап

Постерот во темпо со тогашниот Југословенски шампион

Постерот во темпо со тогашниот Југословенски шампион

Кога сме кај стрелците ФК Вардар успеја да постигне 40 гола на 34 меча во оваа сезона од 27мината фудбалери кои настапија сите 40 гола ги постигнаа само 9 од нив .Нормално најдобар стрелец сосема очекувано за таа генерација беше вардаровото дете Дарко Панчев -Кобра со речиси половина од сите постигнати голови во оваа сезона, табелата на стрелци изгледаше таа сезона вака :

1. Дарко Панчев – 18 голови
2. Мирко Петров – 6 голови
3. Драган Канатларовски – 5 голови
4. Чедомир Јаневски – 4 голови
5. Слободан Горачинов – 2 голови
6. Јовче Џипунов – 2 голови
7. Васил Рингов – 1 гол
8. Зоран Трајчев – 1 гол
9. Тони Савевски – 1 гол

Следи видео од таа сезона од освојувањето на есенската титула кој вардарфанс.мк го објави на својот јутуб-канал благодарение на еден племенит човек кој го зачувал во сопствената архива и го сочувал од заборав. Iстиот ни го даде да го споделиме со црвено- црвената јавност :

 

Ова е еден од најважните пролетни мечеви таа сезона ако не најважен следи на ова е видео тоа е мечот со Партизан во Скопје кога пред полни трибини црвено- црните останаа непоразени од дирекниот конкурент таа година за највисок пласман :

 

И како шампион на СФРЈ (и ако со една лакрдија од судска одлука подоцна му е одземена на Вардар титулата ) нашиот љубимец настапи во тогашниот Куп на шампионите каде се сретна со Европскиот шампион португалски Порто :