Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Стоилов и Поповски од денес по краткиот Божиќен одмор во “строј“, со останатите момци ќе ја одработат последната фаза пред заминувањето во Франција
Стоилов и Поповски од денес по краткиот Божиќен одмор во “строј“,  со останатите момци ќе ја одработат последната фаза пред заминувањето во Франција

Стоилов и Поповски од денес по краткиот Божиќен одмор во “строј“, со останатите момци ќе ја одработат последната фаза пред заминувањето во Франција

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар им овозможи на  ракометарите краток  божиќен одмор. Претходно тие  имаа трите тест-дуели  со колегите од Босна и Херцеговина. Селекторот пред да им даде пауза го скрати списокот од 21 на 19 играчи  и тоа последниот рез во Скопје пред Светското првенство.

Червар ќе води 19 ракометари на првенството меѓу кој и двајца вардарци. Место за на овој мундијал имаше за капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов и за младото десно крило на Вардар и Вардар Јуниор, Мартин Поповски. Сепак од тие кои ќе патуват  тројца ќе мора да отпаднат, бидејќи во официјално протокол има место за 16 ракометари. Веќе од денес тимот  се враќаат во тренажен процес и во Скопје  ќе се подготвуваат до вторник. Според планот веќе во  среда рано наутро тие патуваат за Франција.  Истиот ден во попладневните часови предвиден е и официјалниот тренинг пред првиот натпревар против Тунис на 12 јануари.