Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Русија во добра форма пред стартот на СП, нова победа над селекцијата на Белорусија
Русија во добра форма пред стартот на СП, нова победа над селекцијата на Белорусија

Русија во добра форма пред стартот на СП, нова победа над селекцијата на Белорусија

Ракометната репрезентација на Русија стигна до својата втора последователна победа на контролните натпревари против селекцијата на Белорусија. По вчерашната победа (31:26) двете репрезентации денес одиграа нов меч на кој повторно славеше Русија.

Во првите 20 минути се играше израмнето и Русија немаше предност поголема од два гола разлика. На десет минути пред крајот на првиот дел резултатот гласеше 10:9. Сепак до крајот на првото полувреме, Русија успева да постигне неколку последователни голови и на одмор да замине со солидно водство од 16:11. На стартот на второто полувреме, Белорусија прва постигна гол за намалување на резултатот на 16:12, по што следи серија на Русија од 3:0 за највисоки 19:12. До крајот успеаа да ја зачуваат предноста и на крајот да слават триумф (27:22)

Тимур Дибиров го заврши натпреварот со три постигнати голови, додека Шишкарев беше стрелец на два погодоци. Русија на СП се наоѓа во група со домаќинот Франција, Полска, Норвешка,  Бразил и Јапонија.