Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младиот состав на Зоран Петковски во рамноправна борба за влез во најсилната супер лига
Младиот состав на Зоран Петковски во рамноправна борба за влез во најсилната супер лига

Младиот состав на Зоран Петковски во рамноправна борба за влез во најсилната супер лига

На пролет не очекува неизвесна полусезона во првата ракометна лига за местата кои водат во најсилнат супер лига. Само првопласираниот тим ќе обезбеди директно учество од следната натпреварувачка сезона во најсилната домашна лига, додека второпласираниот ќе мора преку бараж да се бори за настап во супер лигата. Младиот состав на РК Вардар 2 кој е предводен од Зоран Петковски е на само бод помалку од лидерот Младост по завршување на есенскиот дел од сезоната. Црвено-црните со осум победи, само еден нерешен резултат и пораз го завршија овој дел од сезоната на второто место на табелата. Одлични игри за оваа млада екипа, која покажа желба за докажување и надигрување со противниците. Иако доста помлади и понеискусни од другите екипи во првата лига, Вардар покажа дека во овој состав има доста потенцијални и квалитетни играчи кои имаат што да покажат. Во првите шест кола имавме стопроцентен учинок на овоени бодови. Во рамките на седмото коло гостувавме во Богданци на најголемиот фаворит за влез во супер екипата. Тимот на Младост за кој настпуваат поранешни репрезентативци на Македонија беше единствениот кој успеа да го порази младиот состав на тренерот “Зенга“. Иако во првото полувреме пруживме силен отпор, сепак возраста и искуството пресуди за конечниот исход на мечот. Следеше уште еден дерби натпревар против тимот на Преспа, каде одигравме со нерешен резултат. Тука во една неизвесна завршница, може да се каже дека Вардар пропушти голема шанса за победа.

Ова се сите остварени резултати на РК Вардар 2 во есенскиот дел од сезоната во првата лига:

1 коло: Струга - Вардар 2  23:27

2 коло: Вардар 2 – Партизан  44:14

3 коло: Текстилец – Вардар 2 26:28

4 коло: Вардар  2 – Тиквеш  40:20

5 коло: Македонија Ѓ.П. – Вардар  2  28:31

6 коло: Вардар 2 – Куманово  31:25

7 коло: Младост – Вардар 2  27:20

8 коло: Вардар 2 – Преспа  31:31

9 коло: Спартак - Вардар 2  20:26

10 коло: Вардар 2 – Ринија  29:28

14956506_1687995901511460_4598560119560140812_n

Вардар има најефикасен напад во лигата и трета најдобра одбрана. Вака изгледа табелата после одигрување на десет кола на првите пет пласирани екипи:

1. Младост  26

2.  Вардар 2  25

3. Риниа-М   22

4. Куманово  22

5. Преспа  2010  16

Со своето големо исксутво како играч и тренер, Зоран Петковски успеа да склопи тим кој ќе се носи рамноправно со противниците во првата лига. Овој состав покажа многу во есенскиот дел, со надеж дека со уште подобра игра ќе продолжи и во вториот дел од сезоната каде треба да се нападне првото место.

Ова е составот на РК Вардар 2 оваа сезона: Брауновиќ, Стојов, Петковски, Трпевски, Чакалиќ, Димитров, Стоилевски, Амзоски, Дамчески, Лазов, Мицановски, Атанасовски, Димковски, Мишевски, Гичев Апостоловски , Трајковски , Крстевски Ѓоршоски, Стошиќ,Стојановски.