Ракометарите на Вардар со своите селекции ги играат последните контролни натпревари пред стартот на СП во Франција. Вчера натпревари одиграа Душебаев, Кањелас, Дибиров, Шишкарев, Деревен и Фереира.
Шпанија со одлично второто полувреме успеа убедливо да ја совлада селекцијата на Полска. По првото полувреме гледавме израмнет натпревар и игра гол за гол на двете страни. По првите 30 минути резултат беше нерешен 11:11. Сепак во вториот дел дојде до израз квалитетот на “фуријата“ која речиси ги прегази избраниците на Талант Душебаев. Шпанија започна брзо да се одлепува и во еден момент имаше предност од 22:14. До крајот само го зголемуваа водството и на крај триумфираа со двоцифрена предност од 30:20. Кањелас успеа да постигне двa гола, додека Душебаев беше стрелец на еден погодок. Денес Шпанија ги продолжува настапите на турнирот во Ирун, каде ќе го одигра својот втор натпревар. Противник овој пат ќе биде селекцијата на Аргентина.
Русија продолжува со победите на контролните натпревари, најавувајќи дека се наоѓаат во одлична форма пред стартот на мундијалот во Франција. Избраниците на Дмитри Торгованов спарингуваа со селекцијата на Белорусија, која ја совладаа со резултат 31:26. Уште од стартот Русија поведе со 5:3 и како течеше првото полувреме се повеќе го зголемуваше водството. Имаше Русија водство од 13:9 и 15:9 за на полувреме да замине со највисоки 19:12. Контрола на играта и во второто полувреме, највеќе што успеа да направи Белорусија е да намали на четири голови разлика (29:25). Одличен меч посебно во првото полувеме одигра Тимур Дибиров, додека настапија и Шишкарев како и Деревен. Денес истиве селекции ќе одиграат нов контролен натпревар, како подготвка на двете селекции за претстојното светско првенство.
Натпревар со репрезентацијата на Бразил одигра и Вардаровиот пикер, Мораес Фереира. “Кариоките“ победија минимално во дуелот со Романија, со резултат 25:24.