Заврши преодниот рок во македонскоското куглање, па така Кугларскиот клуб Вардар овој преоден рок се засили со две нови имиња, Ристиќ Зоран и Милош Миливојевиќ. Од тимот немавме заминувања, овие две засилувања ќе ја зголемат ротацијата во екипата која од клупата ја предводи Драги Димитровски.
Целиот ростер за новата натпреварувачка сезона 2019/2020 година изгледа вака:
Миле Димковски-Капитен, Дарко Димитровски, Коста Ристески, Марјан Згонц, Влатко Стојановски, Георг Поп-Крстев, Бранко Митиќ,Тони Тодоровски и Влатко Гиевски и новите две имиња: Ристиќ Зоран и Милош Миливојевиќ. Не треба да се забораваат и јуниорите, Љупчо Митиќ и Мартин Митиќ.
Tренер на екипата – Драги Димитровски