Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Slider > „Требиње“ ќе биде центарот на главните подготовки за црвено-црните, каде ќе настапат и на меѓународен турнир
„Требиње“ ќе биде центарот на главните подготовки за црвено-црните, каде ќе настапат и на меѓународен турнир

„Требиње“ ќе биде центарот на главните подготовки за црвено-црните, каде ќе настапат и на меѓународен турнир

Прва година, ракометниот клуб Вардар се решава да направи промена што се однесува до местото каде ќе се одвива главниот дел од летните подготовки. Претходните години, Крањска Гора беше честата дестинација на вардарци, но сега се решија за друга опција.

Се работи за местото „Требиње“ во Босна и Херцеговина, каде според планот, Европскиот Шампион ќе се задржи во периодот од 2-12 август. Во текот на овој период, односно од 9-11 август, црвено-црните ќе настапат на второто издание на меѓународниот турнир кој е под покровителство на Свислион. На турнирот покрај Вардар, ќе учествуваат уште и екипите на Металопластика ( победник на првото издание на турнирот), потоа Изола од Словенија, домашниот тим на Леотар, како и клубовите од БИХ, се работи за Борац од Бања Лука и Извиѓач.

Турнирот е замислен да се одигра, така што екипите ќе бидат поделени во две групи, ќе се игра секој против секого во групата, за на последниот натпреварувачки на програмата да бидат мечевите за конечен пласман.