Генерацијата на ракометниот клуб Вардар родени 2004/05 година ја имаа својата втора сезона во пионерската машка лига. Екипата која беше предводена од Зоран Петковски и Никола Бисинов се натпреваруваше во групата 1, во која го освои второто место. Одигравме вкупно 12 натпревари, на кои забележавме 10 победи и 2 порази и двата од тимот на Металург, кој на крајот и стана шампион во пионерската лига. Екипите беа поделени во четири групи, а само првопласираните обезбедија учество на завршниот турнир. Црвено-црните имаа гол разлика од 242 постигнати и 163 примени голови, што беше и најдобрата одбрана во регуларниот дел на пионерската лига, во сите четири групи.
Сите постигнати резултати за вардаровите пионери оваа сезона:
1 коло: Металург – Вардар 19:15
2 коло: слободни
3 коло: Вардар – Илинден 20:13
4 коло: Драчево – Вардар 16:19
5 коло: Вардар – Аеродром 25:13
6 коло: Јуниор К.В. - Вардар 7:30
8 коло: Вардар – Металург 16:17
9 коло: слободни
10 коло: Илинден – Вардар 13:14
11 коло: Вардар – Драчево 21:15
12 коло: Аеродром - Вардар 13:21
13 коло: Вардар – Јуниор К.В. 24:11
14 коло: Ангели – Вардар 14:15