ЖКК Вардар по 12 кола со 24.бода е лидер на табелата, ни следи овој петок дерби дуел со тимот кој е зад нас на табелата и најсериозниот конкурент за пехарот екипата на Бадел 1862. Дуелот е закажан за на 28/02/2020 со почеток во 19-20 часот во салата “Независна Македонија“. По ова гостување многу работи ќе бидат познати, за напомена на првиот меч во „Кале“ избраничките на Жаклина Стојановска дојдоа до убедлива победа над сино-жолтите за кој тоа е единствен пораз сезонава.
За ова дерби разговараме со кој друг ако не со капитенот на црвено-црните, Деловска Симона. Очекувањето на нашиот капитен и македонската репрезентативка ви ги донесуваме во продолжение:
-Првиот натпревар против Бадел го добивме убедливо, па и во ова дерби влагаме со истата цел, победа и потврдување на лидерската позиција на табелата која ја имаме досега. Сепак знаеме дека противникот игра на домашен терен, очекуваме да бидат мотивирани и да ја посакуваат победата исто колку и ние…
`Се на се, ќе дадеме се од себе, па нека победи подобриот во ова дерби. Се надеваме дека, пред се ќе биде убав натпревар за сите кои ќе дојдат да гледаат оваој дуел.
* Вардарки по 12.кола имаат максимален, 100% ефект, перфекцијата треба да се задржи во продолжение, следат битките кои се најважни за круните.
-Иако 12/12 е одличен скор, и ние имавме послаби натпревари, но најбитно од се ми е дека ги надминуваме пречките и се враќаме во форма. Како капитен, сум задоволна од играчите, од позитивната енергија која ја има во екипата и начинот на работа. Се надевам тоа ќе ни помогне во завршниот дел од сезонава кој престои пред нас.
*Пред вардарки е најважниот дел од сезоната, тимот има за одбрана две титули од ланската сезона, првенствената и Куп трофејот. Доаѓа период кога треба да се валоризира сето она што е сработено наназад. Очекувањата на капитенот за продолжението од сезоната ви ги донесуваме на крајот.
- Одиме чекор по чекор, се разбира дека се стремиме кон бранење на двете титули но свесни сме дека ќе биде потребна стабилна и сигурна игра (како физички така и психички). Наше е да продолжиме да тренираме, да останеме фокусирани и да пробаме да го повториме минатогодишниот успех. Верувам во оваа екипа, како во секоја од девојките така и во тренерите и стручниот штаб кој не поддржува и се надевам посветеноста и меѓусебната поддршка ќе ни донесат успех и оваа сезона.
Михајло Тушевски