Во последното, 14. коло, многу полесно од очекувањата, Партизан Водно Санс излезе како победник во дуелот со МЗТ Скопје Аеродром (92:69), за позицијата број 2. Онаа првата ја потврди Феникс 2010 со убедлив триумф кај Чаир 2030 (63:25). Вардарци се третти по оваа прва фаза, во 1.коло од следната фаза ние сме домаќини на „фенерџијата“ тимот на КК Чаир.
Согласно со системот за натпреварување, втората фаза опфаќа одигрување на уште седум натпревари според „оролоџо“ системот, по кој првопласираните четири екипи ќе се пласираат директно во четвртфиналето од М-18 лигата, додека оние кои се пласирани од 5. до 8. место ќе разигруваат со првопласираните четири екипи од новоформираната Втора лига, односно со групите Исток и Запад.
М-18-МАЖИ – ПРВА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ 14.КОЛО
МЗТ Скопје-1 – Партизан ВС-1 69:92
Чаир 2030 – Феникс 2010 25:63
Работнички – Академија ФМП 57:55
Куманово – Вардар 68:65
ТАБЕЛА: Феникс 2010 27, Партизан ВС 25, Вардар 24, МЗТ Скопје 21, Работнички 20, Куманово 19, ФМП Академија 17, Чаир 2030 13;
ПРВО КОЛО-ОРОЛОЏО (29.02)
Партизан ВС – Феникс 2010
Вардар – Чаир 2030
МЗТ Скопје А-1 – Академија ФМП
Работнички – Куманово