Шампионот, ЖОК Работнички беше фрлен на колена од одбојкарките на Вардар во дербито од второто коло во разигрувањето за плеј-офот. Нашите дами му вратија на градскиот ривал за идентичниот пораз во есенскиот меѓусебен дуел.
Дуелот го добивме со максимални 0:3 (20:25, 23:25, 20:25). Со ова ние дојдовме на врвот на табелата во нашата најквалитетна женска одбојкарска конкуренција. По 13.рунди имаат биланс 12-1, а ривалот Работнички 11-2, со оглед дека бранителките на двојната круна загубија и од Струмица жени на гостувањето во претходната натпреварувачка етапа.
Два дена пред тоа , екипата на Вардар со втората победа над Виктори волеј, овој пат дома, исто така со 3:0, го потврди пласманот во полуфиналето од ова натпреварување.