Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Градот Задар ќе биде домаќин на Ф4 турнирот во СЕХА-лигата
Градот Задар ќе биде домаќин на Ф4 турнирот во СЕХА-лигата

Градот Задар ќе биде домаќин на Ф4 турнирот во СЕХА-лигата

Градот Задар и арената „Крешимир Ќосиќ“ ќе бидат домаќини на завршниот турнир во СЕХА-лигата, за оваа натпреварувачка сезона, кој ќе се одигра во периодот од 3-5.април.

Челните луѓе на СЕХА веќе го одредија организаторот на Ф4 турнирот, иако се уште не се комплетирани ниту осминафиналните дуели. Последна пречка за Вардар кон патот на Ф4 ќе биде екипата на Нексе од Нашице. Првиот дуел е закажан на 8.март на теренот на противникот, додека реваншот во Скопје ќе се одигра на 15.март.

Вардар е најтрофеен тим во ова натпреварување, со пет титули, екипата на Веспрем има две, додека Загреб еден трофеј. Во сите претходно осум одиграни сезона во СЕХА-, црвено-црните секогаш успевале да се пласираат на завршниот турнир.