Денес женскиот одбојкарски клуб „Вардар“ го игра клучниот напревар за пласман во финалето. По два одиграни дуели во полуфиналната серија, црвено-црните дами и ЖОК Работнички обезбедија по една победа па на тој начин патникот во финалето ќе го одлучуа „мајсторка“.
Дуелот на кој ние сме домаќини е закажан за денес( 9.април, петок) со почеток во 17:30 часот. Познат е и ривалот, од другиот дуел во финалето со две победи се пласираше екипата на ОК Јанта Волеј Кисела Вода.