Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Димитар Димитровски со неверојатен резултат во Бачка Топол на „Гран при 2022“
Димитар Димитровски со неверојатен резултат во Бачка Топол на „Гран при 2022“

Димитар Димитровски со неверојатен резултат во Бачка Топол на „Гран при 2022“

Кугларскиот клуб Вардар 2014,  настапуваше  во Војводина,  Република Србија, во кугланата во  Бачка Топола каде се одигрува   „Гран при 2022“ турнирот.

Убедливо најдобар настап од екипата на црвено-црните на овој поединечен турнир имаше претседателот и најдобриот куглар на вардарци, Димитар Димитровски. Македонскиот репрезентативец, впиша неверојатни 660 „соборени дрва“. Официјалната страница на кугларницата во кој се одигрува овој силен меѓународен поединечен кугларски турнир неговиот скор го одбележа со објава која може да ја погледнете ОВДЕ!