Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите домаќини на РК Аеродром
Кадетите домаќини на  РК Аеродром

Кадетите домаќини на РК Аеродром

На програмата во кадетската ракометна машка лига, во групата-А каде што настапуваат момците на Зоран Петковски-Зенга овој викенд е шестото коло.

Кадетскиот состав на Вардар 1961 ќе биде домаќин во оваа рунда, ние ќе ја пречекаме екипата на РК Аеродром. Натпреварот е закажан за утре, сабота (17/12/2022) во салата „Круме Кепески“ во скопската населба Кисела Вода. Оваа кадетска средба ќе започне со одигување во 12 часот и 30.минути.

По пет кола црвено-црните се наоѓаат на 2.позиција со четири победи, тимот со кој ќе играме утре е зад над на 3.место со една победа помалку од нас.