Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > КК Вардар во 10.рунда домаќин на Водно Санс

КК Вардар во 10.рунда домаќин на Водно Санс

kk-vardar-660x330-660x3301-660x330-660x330-660x330-660x330

Во минатото коло, црвено-црните претрпеа еден непријатен пораз од тимот на Работнички 2018 со кој беше прекината нашата низа од 8.победи по ред. Сепак поради поразот на ривалот за првото место останавме лидери, овој викенд не очекува нов натпревар.

КК Вардар во дуел од 10.коло во Втората кошаркарска машка сениорска лига ќе биде домаќин во малата сала при спортскиот центар „Кале“. На нас ќе ни гостува екипата на КК Партизан Водно Санс, натпреварот е закажан за задутре, недела (18/12/2022), истиот ќе започне 19-00 часот. Ова е прилика за победа  против тимот кој е на 7.место на табелата со цел да ја обезбедиме лидерската позиција пред следното 11.коло, последно од првиот круг во лигата која има 12.екипи.