Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар домаќин на Шампион во сениорски дуел
ЖРК Вардар домаќин на Шампион во сениорски дуел

ЖРК Вардар домаќин на Шампион во сениорски дуел

ЖРК Вардар ќе се обиде да се врати на победничките патеки по поразот пред два дена од Чаир во лигата, овој викенд не очекува натпревар на кој сме фаворити за победа.

Викендов се игра 13.коло во групата-А каде што настапуваат девојките на Александар Царчев, во оваа рунда ние сме домаќини на тимот на ЖРК Шампион. Натпреварот е закажан за утре, сабота (17/12/2022) со почеток во 19-00 часот. Ние ќе бидеме домаќини во салата „Круме Кепески“ во скопската населба Кисела Вода.