Поради пандемијата со Корона вирусот, претседателот на КК Вардар и играч на хрватски Мертојак не можеше да отпатува и да биде дел од големото кугларско дерби. Сепак сплиќани на инвентивен начин успеаа да го „обезбедат“ неговото присуство со постер во природна големина. На страницата на КК Вардар беше објавено следното:
-Нашиот претседател успеа да биде присутен во Сплит во ова време на корона и да биде дел од можеби најголемото европско првенствено дерби помеѓу Мертојак и Запрешиќ. И што е најбитно, без здравствен ризик и без задолжителен карантин. Слики во прилог како доказ.