Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Победникот во СЕХА-лигата ќе биде познат на почетокот на месец септември, познат новиот датум за Ф4 турнирот
Победникот во СЕХА-лигата ќе биде познат на почетокот на месец септември, познат новиот датум за Ф4 турнирот

Победникот во СЕХА-лигата ќе биде познат на почетокот на месец септември, познат новиот датум за Ф4 турнирот

На почетокот на месец септември ќе го дознаеме најверојатно победникот во СЕХА-лигата, за натпреварувачката сезона 2019/20. Истата беше прекината, а познати се само две екипи кои веќе се пласираа на завршниот турнир. Се работи за тимовите на Брест Мешков и ППД Загреб.

Екипите на Вардар и Веспрем се исто така блиску до учество на Ф4 турнирот кој треба да се одигра во градот Задар. Последните информации дека истиот ќе се одржи во периодот од 4-6 септември, а на крајот од август треба да се одиграа и реванш дуелите од 1/4 финалето, меѓу Вардар и Нексе, односно Веспрем и Војводина.