Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Коларовска и Седлоска го напуштаат тимот на ЖРК Вардар

Коларовска и Седлоска го напуштаат тимот на ЖРК Вардар

qu2

По веќе трите потврдени заминувaња од ЖРК Вардар, Николиќ (Металург), Божиновска (Чаир) и Гроздановска (Спартак) уште уште две  од ланскиот ростер решија да не ја продолжат соработката во новата сезона со црвено-црните. Станува збор за Ана Марија Коларовска и Седлоска Андреа, кои повеќе не е дел од ЖРК Вардар.

Бекот  на вардарки,  Коларовска кој беше познат по својата борбеност реши да стави крај на својата „црвено-црна“ приказна. Таа засега е без ангаржман иако има понуди од неколку скопски тимови кои настапуваат во Супер лигата, но и две за да замине во интернационалните води. Коларовска беше дел од кадетската репрезенација на Македонија која настапуваше на ЕХФ Шампионатот во Италија изминатата година.

qu

Седлоска беше дел од повеќе селекции, помеѓу кој и А-селецијата на Македонија, исто така се реши да побара нова средина. Најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во една балканска земја, сепак ќе почекаме официјална потврда на новите нивни средини.

Редакцијата на Вардар фанс им посакува многу успех во кариерата на двете девојки.