Марко Вујин е најновото засилување за Европскиот Шампион, откако Вардар и десниот бек за договорија за соработка од една година, со можност истата да биде продолжена.
Најдобриот период во својата играчка кариера, Вујин, го имаше настапувајќи за екипата на Кил. Во Вардар повторно ќе игра заедно со Кристијан Дисингер, со кој соработуваа и во редовите на Кил.
На социјалните мрежи, Дисингер му посака добредојде на Вујин во Вардар и напиша, „Повторно Заедно“