Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар го задржува „костурот“, 17 девојки потврдија „лојалност“, едно засилување пред промоција
ЖРК Вардар го задржува „костурот“, 17 девојки потврдија „лојалност“, едно засилување пред промоција

ЖРК Вардар го задржува „костурот“, 17 девојки потврдија „лојалност“, едно засилување пред промоција

ЖРК Вардар по заминувањето на Сергеј Самсоненко од ракометните тимови сега е во нова етапа од постоењето. Женскиот црвено-црн колектив се „осамостои“, најде спонзор, раковедењето го преземаа Кастатовиќ и Нацева кои имаат тим околу себе. Сега екипата  фунционира како посебен правен субјект. Сето тоа бараше потпишување на нови договори со девојките кои беа во ростоерот, дури 17 веќе потврдија дека ќе ја продолжат соработката.

Процесот на потпишување е во тек, Ристова Драгана која ќе го води тимот и идната сезона, 2020/2021 во Супер лигата може да смета на „костурот“ од тимот. Таа долго работи и го селектира тимот, па затоа се очекува да направи повторно конкурентен тим за врвот во домашниот шампионат. Како што ни потврди заминуваат само пет девојки, седумнаесет продолжуваат со црвено-црната приказна. Веќе е договорено, начелно и првото ново име, остануваат формалностите за официјализирање на првото летно засилување.  Останување во екипата потврдија:

Голманскот трио со кој и понатака ќе работи Александар Царчев, ЖРК Вардар го има најдобриот тренер за млади голманки па нивното останување беше очекувано. Помеѓу стативите и понатака ќе бидат: Грујовска која е дел од А-селекцијата и е носител на признанието најдобар сениорски голман од Купот, Илиќ беше најдобар кадетски голман настапи и за младинската мак.селекција, а Трајкоска најдобар пионерски голман и е член на кадетската селекција, па така на таа линија сме одлични. Пикерското трио е повторно црвено-црно, двете девојки кои се дел од А-селекцијата продолжуваат и понатака да бидат дел од Вардар, станува збор за Џатевска и Дамјаноска. Многу борба со очекува од овие девојки кои покажаа дека се вистински борци помеѓу двата казени простори. Покрај нив и третиот пикер, Паковска која дојде лани од Металург, останува и оваа сезона. На крилата ни остануваат, заменик капитенот Миновска, капитенката на тимот моментално највозрасната и најискусна  Диневска, потоа репрезентативката Ѓорѓиевска, Јаковчевска, енергичната Трпевска која беше дел од младинската селекција и Васевска. Бековската линија ќе остане со Гоцевска, Галевска, Ангеловска (која најверојатно ќе добива повеќе прилика во надворешната линија), леворакиот бомбардер Костовиќ и Стаменкова.

Новото засилување ќе биде во делот каде имаме најмногу заминати, односно бековските позиции на тимот. Тимот овој летен преоден рок досега  го напуштија следните девојки: Седлоска, Божиновска, Коларовска, Николиќ и Грозданоска.