Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Димитар Димитровски: “Златото“ во Купот со резултат од 7:1 на терен на противникот е фантастичен успех со кој можат да се гордеат играчите и вардаровите навивачи
Димитар Димитровски: “Златото“ во  Купот  со резултат од 7:1 на терен на противникот е фантастичен успех со кој можат да се гордеат играчите и вардаровите навивачи
Димитровски Димитар

Димитар Димитровски: “Златото“ во Купот со резултат од 7:1 на терен на противникот е фантастичен успех со кој можат да се гордеат играчите и вардаровите навивачи

Пред два викенда се играше Куп финалето во куглање, во истото Вардар излезе на “мегдан“ со фаворитот за круната КК Макпетрол на патеките 5-8 во Вип кугланата при С.Ц “Борис Трајковски“. Изненадувачки одлично почнавме и по 4 играчи водевме со 4-0, па во последните два дуела ни требаше само два сета за сигурна победа. Бог беше со похрабрите и вардарци триумфираа со високи 7-1. Највисок резултат како и секогаш во црвено-црниот состав имаше лидерот на овој тим, најдобриот македонски куглар повеќе од деценија наназад и претседател на тимот Димитар Димитровски. Тој е човек за секаква почит, го води Вардар и институционално и како играч, веруваше во овој проект кога другите се сомневаа и незгреши. Разговараме со црвено-црната “алфа и омега“ за тоа што значи освоен Куп во една сезона во која бевме ослабени, и ни се закануваше дека ќе бидеме третти во лигата.

dime

Во ситуација кога од тимот заминаа двајца клучни играчи Дане Јакимовски (во Макпетрол) и Бојан Влаќевски (Хрватска) единствен приоритет беше КК Вардар да ја задржи вицешампионската позиција во МКЛ и финале во Купот на Македонија. Освојувањето на Купот на Македонија со резултат од 7:1 на терен на противникот може да се опише како фантастичен успех со кој можат да се гордеат играчите и вардаровите навивачи.

Димитар блесна во финалето, неговата сигурност, но и мотивирање на останатите момци беа клучни за златото. Тој веруваше дека кај неговите колеги има “жар“ за успех. Како он го виде финалето ни зборува во продолжение.

dime-vlakje-558x330

Финалниот дуел беше нашата првенствена цел која беше зацртана пред почетокот на Купот. Нашите очекувања беа исполнети со тоа што се изборивме за одигрување на уште едно финале. Затоа и влеговме комплетно растоварени и фаворитската улога му ја препуштивме на КК Макпетрол кој што е најуспешниот тим во нашата држава. Тоа беше и клучниот момент кој ние знаевме да го искористиме.

Тој е скромен, иако е најдобар успехот го препишува на целиот колектив, несметајќи се себе како нешто посебно. Иако на сите им е јасно дека во било кој дуел во лига, Куп, финале Диме  е тој кој сигурно поентира и им дава “крилја“ на колегите. Треба да напоменеме дека во Купот имаше најдобар просек во Македонија.

dare2-660x330

Целата екипа одигра одличен натпревар што е резултат на хегемонијата и другарството кое го имаме. Не може човек да не биде задоволен од една таква прикажана борбеност и желба за докажување и во колективниот спорт сите подеднакво се заслужни за овој подвиг.

Вицешампионската титула во Македонската кугларска лига и Шампионската круна во Купот на Република Македонија му оствара можност за настап во европски купови. Димитар оваа сезона имаше најдобар просек во се што играше, МКЛ, Куп и поединечно првенство, во се беше број еден.

Со освојувањето на Купот на Македонија и вицешампионската титула во домашното првенство, КК Вардар доби можност да избира помеѓу два меѓународни купа. “Europa Pokal“ и “NBC Pokal“ кои се оддржуваат во Германија. Конечната одлука сеуште не е донесена и истата ќе се знае најдоцна до први идниот месец.

Од Димитар како претседател бараме оценка на сезоната која е зад нас. Во истата покрај златото во Купот, среброто во лигата, вардарци играа финале во  поединечното првенство, а и афирмираа одлична екипа во јуниорската лига.

1835

Димитар со тренерот Драги Димитровски неговиот татко и една од најзаслужните личности за напредокот на Вардар

Сезоната која заврши можам слободно да кажам дека е во целост успешна за КК Вардар со оглед на освоените титули: Вицепрвак во МКЛ, освојувачи на Купот на Македонија, позитивен настап на Светскиот Куп во Болцано, освојувачи на првото и второто место на Македонското поединечно првенство, јуниорите на Вардар го освоија второто место во јуниорската лига.

На крајот ни ги соопштива очекувањата во иднина, воедно ни дава ексклузивна информација за турнир кој ќе се игра на 8.септември. Овој турнир ќе биде во организација на нашиот црвено-црн кугларски колектив.

978

КК Вардар секогаш ќе цели кон високи дострели на домашна и меѓународна сцена. Ни претстојат меѓународниот турнир “8-ми Септември” во организација на КК Вардар, настап на меѓународен куп во Германија и нормално домашното првенство и Купот на Македонија. Според мене, повторувањето или надминување на досегашните достигнувања ќе значат успех иако желбата и мотивацијата е секогаш да напредуваме во секој поглед. Затоа, Вардар е македонски спортски бренд од кого секогаш се очекуваат успеси.  

Михајло Тушевски