Генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ година го освоија петтото место на турнирот “Стеван Нештицки“ во Нови Сад. Попладнево избраниците на Трајановски славеа со резултат од 2:0 против тимот на Политехника Тимисоара. Истиов резултат беше актуелен и на полувреме. Стрелец на двата гола беше Георг Стојановски.
Тренерот Трајановски на овој натпревар им даде шанса за настап на играчите, кои не беа во план на првиот натпревар: Бајрами, Мешкоски, Хасани, Бошевски, Петковски, Петрушевски, Стојковски, Младеновиќ, Маркоски, Стојановски.
Денес свои натпревари на турнирот “Драган Манце“ одиграа и генерацијата родени “2007“ година на Зоран Петковски. Најпрво одигравме натпревар со екипата на Савациум, дуел кој го добивме со резултат од 3:0. Стрелци на головите беа Емир Шаботиќ, Стефан Младеновски и Милош Спасовски. После овој натпревар обезбедивме пласман во осминафиналето, каде за противник ја имавме екипата на Петлиќ-Смедерево. Тука славевме со резултат од 2:1. Борјан Томовски и Стефан Младеновски ги постигнаа головите. Следен меч за нашите млади надежи беше во четвртфиналето, кога се сретнавме со екипата на Вашариште од Крагуевац. На овој меч загубивме со резултат од 0:2.