Вардар не запира со титулите. Нова титула во витрините на Вардар, овој пат донесоа младите кошаркари. По Вардар до 20 години, на прво место и титула се радуваше тимот на Вардар овој пат до 16 години. Во еден многу квалитетен и возбудлив натпревар, Вардар во финалето го победи тимот на Феникс 2010 со резултат 75:71 (39:38).
Првиот дел и двете екипи го одиграа во голем стил. И на двете екипи им тргна шутот за три поени, посебно на нашиот тим кој во првиот дел погоди дури 10 до 11 тројки. На полувреме Вардарци заминаа со еден поен предност. Во вториот дел се случуваа вистински драми. Некаде околу 35. минута се јави најпрвин проблем со струјата во салата на Кале, а потоа и семафорот имаше проблеми. На крај, по речиси 2 часа, заврши овој дуел, во полза на нашиот тим кој се радуваше на голема победа и титула.
Честитки до целиот стручен штаб и тим за титулата!