Се повеќе и повеќе се наближува стартот на подготовките за Вардарци. Летните подготовки Вардар ќе ги започне веќе на 14-ми јуни во Скопје во својата база во Хиподром. Вардар главната фаза од летните подготовки и ова лето ќе ги мине во Австрија во ултра модерниот австриски комплекс „Авита“ во Бад Тацмансдорф. Оваа база и е добро позната на црвено – црната експедиција, минатите две година формата за квалификациите од Лигата на шампионите се ”коваше” токму на ова место. Несомнено, овој комплекс им годи на Вардарци па затоа повторно ќе се замине на ова место. Се работи за место посакувано од големите европски екипи во Европа.
