Остануваат уште осум дена до ждребката за нашиот противник во второто квалификациско коло од елитната УЕФА лигата на шампионите. Според календарот противникот ќе го дознаеме по жребувањето во седиштето на УЕФА на 19 јуни. Вардар како и претходните сезони кога имаше пласман во најквалитетното европско натпреварување преку титулата во домашниот шампионат ќе биде во групата на т.н неносители, односно тимови на кои ќе им се паднат екипи со повисок коефициент.
Подготовките се стартуваат наскоро, според планот ќе го одработуваме делот во главниот град на нашата земја по што ќе заминеме во странство за реализирање на втората фаза од летните подготовки. Вардарци очекуваат противник по мерка со кој ќе може да го покажат својот квалитет и да изборат евентуален пласман понатака во “фамозното“ трето коло кое неколку пати ни бега за гол. Најпрво со Бате Борисов неуспевме да погодиме дома за пласман во истото, а со АПОЕЛ и ако непоразени заради послабиот биланс на голови во гости останавме без пласман, потоа со Динамо имавме во гости 1-2 како дома и неуспеавме да одиме понатака. Оваа сезона за вардарци одисејата ќе стартува на 11 /12 јули кога се играат првите мечеви, а возвратните мечеви се на програмата седум дена подоцна. За време на подготовките Вардар ќе одигра силни контролки, меѓу противниците се надеваме како лани ќе има и тимови кои се носители во второто квалификациско коло во Л.Ш. Познати се сите можни противници кои може да ни паднат, нивните имиња може да ги погледнете -тука!