Кошаркарскиот клуб Вардар пред десеттина дена го прослави својот 70-ти роденден, овој црвено-црн колекти е формиран на 20. јули во 1947 година, еден од основачките спортови на СД „Вардар“. КК Вардар два месеци претходно се одлучи да го одбележи својот јубилеј притоа со промоција и на книгата „70 години – КК Вардар“ која за првпат се издава во историјата на клубот. Свеченоста се одржа во својата сала во „Кале“ од КК Вардар се одлучи да доделат признанија и медали на сите кои оставиле своја трага во клубот низ историјата. На прославата на која присуствуваа многу легенди на клубот и македонската кошарка, но и спортот воопшто, пропратена со забавна програма, и два ревијални натпревари помеѓу ЖКК Вардар и селекција од Спортската академија, и сениорскиот тим на Вардар против селекција на поранешни кошаркари на клубот.