Г-н Драги маестрално постави тактика, со она што го имаше во ростерот извади максимум. Реши во првиот пар да одигра со играчите кои се највозрасни за кои противникот сметаше дека лесно ќе најде решение и ќе влезе со предност 2-0 на стартот. “Стариот лисец“ токму спротивно изненади со нив и им поведе со 2-0. Згонц и Димовски беа талични на почетокот. Во вториот пар направи повторно маестрална проценка го уфрли на прва патека Димитар Димитровски кој беше сигурен поентер знаејќи му ги квалитетите, а на втора повратникот Георг Поп Крстев кој го мотивираше и веруваше дека ќе блесне. Токму него го врати во куглањето по едногодишна пауза и веруваше дека младиот Георг ќе ја оправда довербата кога ќе му се даде прилика. Му се даде токму сега, “намириса крв“ и донесе поен.
Драги Димитровски: Победи нашето срце, тлееше жарот во сите нас и одеднаш се претвори во пламен
Во неделата во Вип кугланата се одигра големот Куп финале на Република Македонија во куглање. Во него нашиот Вардар се сретна со изразитиот фаворит за пехар тимот кој години наназад владее со мак.куглањето КК Макпетрол. Се случи слободно може да кажеме чудо, тимот предводен од Драги Димитровски дојде до пехар и тоа убедливо со резултат 7-1 во овој дуел. Нашиот кормилар со години наназад важи за најдобар стратег во овој спорт, можеби треба да кажеме дека единствено он од сите во кугланата наши и нивни играчи очекуваше дека може да победи Вардар. Во продолжение ви носиме интервју со оваа кугларска величина, за почеток го прашуваме какво е чуството да се биде тренер на Шампионот во Купот.
.
Чувството е неопишливо. Така е затоа што ова најмалку го очекувавме во оваа сезона. Отидовме едноставно да се надигруваме, да дадеме достоен отпор и да не бидеме лесен залак. Но, експлодиравме како никогаш досега. Тлееше жарот во сите нас и се претвори во пламен во вистинскиот момент. Така би го опишал овој натпревар и оваа неверојатна победа.
Што се однесува до составот, нема некоја посебна филозофија. Малку екипи сме, сите се познаваме, сите можни состави се направени. Решив да почнеме со условно кажано малку послаб пар, поточно во секој пар да има еден наш посилен играч. Миле и Згонц се стари пријатели и пар кој настапувал заедно и порано во други клубови, па и тоа беше една од причините за таквата моја одлука која се покажа добитна. И тоа добитна во конкуренција со двајца преквалитетни поединци на Макпетрол, едниот и репрезентативец на Македонија. Згонц изигра како никогаш досега и дури убедливо го доби дуелот. Миле успеа во последните кугли да победи, конечно го искористи своето искуство. Вториот пар беше перфектно погоден. Диме на нивниот најдобар поединец Мемеди. Диме е Диме. Го имаме најдобриот куглар во Македонија во последните 15 години и немав сомнеж дека тој дуел ке биде уште еден поен за нас, секако со сета почит кон квалитетот на играчот на Макпетрол. Иако Диме почна малку тешко и му даде шанса на противникот да парира, на крајот се си дојде на свое место. А Георг изигра машки. Момчето кое го вративме во куглањето после години пауза, после натпревари и тренинзи кои се бројат на прсти, го доби дуелот со нашиот екс играч Јакимовски со погодок во последната кугла. Неверојатен талент е Георг. Затоа и одлучивме да го ангажираме оваа година.
.
Дојде последната серија 4-0 за Вардар, неверување на лицата во Вип кугланата кај сите и кај ривалот и кај нас. Нашиот тренер знаејќи дека не е се добиено е смирен и очекува разврска. На патеката е парот кој насети дека ќе биде клучен на почетокот и го остави за последен. Двајцата играчи кои се спој на младост и искуство Младен Донковски и Дарко Димитровски. Токму и оваа одлична процена да играат последни и тоа против најдобриот пар на “пумпашите“ му донесе бенефит иако од другата страна ги очекуваа двајца одлични противници. Повторно Драги погоди али овој пат во целта…злато.
Што се однесува до Младен и Дарко…малку се врати лошиот филм од пред година-две кога вакво исто водство од 4-0 и добиен натпревар го искоцкавме. Се судрија со најсилниот пар на Макпетрол, Николовски и Соколовски, двајцата репрезентативци на Македонија. Калкулација беше дека ни требаат 2 сета вкупно во двата дуела за нерешен исход , но наша победа поради подобар сет количник. Притисокот беше огромен, бидејки се беше можно и се плашевме од можен неуспех и покрај огромната предност, но теоријата го остави натпреварот отворен. Младен го изигра првиот сет против Николовски маестрално, искусно, мотивирано и веднаш го доби тој прв сет за уште поголемо олеснување. Дарко го загуби првиот сет од Соколовски, но беше блиску. Конечната победа се случи во вториот сет кога Дарко експлодираше со 175 и го доби Соколовски , а Младен само ја доврши работата со водство од 2-0. Тоа беа моменти за паметење. Младен го покажа целиот свој квалитет, Дарко целото свое искуство на големи натпревари. Крајот беше само шлаг на торта и на крај убедлива победа која ни во сон не ја очекувавме.
Го запрашавме што значи да се земе пехар во сезона во која играчки бевме значајно ослабнати, во која бркавме второ место, а бегавме од третто и тоа како е чуството да се дојде до злато против тим кој е финансиски супериорен, играчки одлично пополнет и организиран на високо ниво.
Овој пехар, овој успех во купот, па и во домашното првенство во кое во еден момент речиси бевме помирени со трета позиција, прави да кажам дека е најуспешната сезона во овие 3 години. Посебна тежина на овој успех дава нашата играчка ослабеност по заминувањето на Јакимовски во Макпетрол, па потоа уште поголемиот трансфер на Влакевски во Хрватска. Од клуб кој имаше шампионски амбиции, реално паднавме на клуб кој посакуваше само да ја задржи вицешампионската позиција. Кога успеавме во тоа, плус пласманот во Куп финалето, ние веке бевме презадоволни за оваа сезона. А после победата во купот стана ИСТОРИСКА.
За крај побаравме кратка оценка на изминатата сезона 2016/2017 година во македонското куглање за црвено-црниот кугларски колектив. Димитровски Драги за крај кратко ни изјави:
Да се победи Макпетрол, единствениот клуб во Македонија со речиси професионални куглари во однос на финансиите, со буџет колку клубови во големите спортови, е рамно на сензација. Но да не заборавиме дека треба и срце во спортот. Овој пат нашето беше преголемо за противникот- изјави Драги Димитровски за нашиот сајт.
МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ