На утрешната прослава на новата шампионска титула, миленикот на вардаровите навивачи Грозданоски, за жал ќе стави крај на својата успешна кариера. Влатче е вардарово дете со бројот 87 на својот грб. “Комитите” ги повикуваат сите навивачи да дојдат утре на стадионот во Ѓорче и да го поздрават Влатко. Во нивното соопштение се вели:
ФК ВАРДАР – ФК Силекс
Среда, 31.05.2017
стадион Ѓорче, 16:30часот.
Да прославиме титула !!!
Да го поздравиме Влатко Грозданоски на кого му е последен натпревар во кариерата !!
СИТЕ НА СТАДИОН !!
Карти во билетара !!!
30 ГОДИНИ КОМИТИ ЗАПАД !!