Веќе сите погледи се свртени кон Келн и завршниот турнир на најдобрите четири екипи во Лигата на шампионите. Пред Вардарово финале на патот стои големата Барселона, која во своите редови има двајца играчи од Македонија. Покрај Кирил Лазаров и голманот на Барсa, Ристовски со свои импресии пред овој дуел против Вардар:
“На вакви натпревари нема фаворити, иако нас не фаворизираат медиумите. Секогаш на вакви натпревар победува екипата која ќе биде повеќе концентирана, а не поквалитетната екипа. За Вардар многу не треба да се зборува, овој тим ја игра најдобрата своја сезона. Нијанси ќе го одлучат победникот”, – изјави Ристовски.