Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор убедлив со РК Работнички, со победа во последното коло обезбедивме опстанок
Вардар Јуниор убедлив со РК Работнички, со победа во последното коло обезбедивме опстанок

Вардар Јуниор убедлив со РК Работнички, со победа во последното коло обезбедивме опстанок

Дефинитивно ракометниот клуб Вардар во идната сезона ќе има најмалку две екипи во машката Супер лига. Тоа е познато  откако нашиот втор тим, екипата на РК Вардар Јуниор обезбеди опстанок во суперлигашкото натпреварување.

Во последното коло од  плеј аут сегментот  Вардар Јуниор триумфираше над “отпишаниот“ РК Работнички со резултат 34-23 (17-10). Со освоените три нови бода на крајот го освои четвртото место на табелата, со што се подразбира избегнавме   играње во баражот за опстанок во елитата. Може догодина да се случи да има три црвено-црни сениоски тима во Супер лигата, бидејќи во баражот за пополнување на Супер лигата ќе игра нашата трета екипа, тимот на РК Вардар-2. Овој млад колектив предводен од Зоран Петковски-Зенга  го освои второто место во Првата лига. Противник на „црвено-црните“ во баражот ќе им биде тимот на Металург 2.

jun

Во мечот со Работнички одлично тргнавме на стартот, уште во првото полувреме нашите момчиња газеа во сите сегменти на ракометната игра. Тргнавме со серија 5-0, па поведовме со 6-1, по што гостите побараа тајм-аут. Сепак тоа не им помогна многу  па на одмор заминавме со висока предност од “плус седим“ 17-10. Вториот дел беше формалност,од минута во минута водство што се зголемуваше,  на крајот победивме и  со двоцифрена предност.  Плеј аутот го завршивме со 9 победи и едно реми од одиграни 20 натпревари, ние имавме 28 бода. Најдобар стрелец кај нас беше Ангелов со 9 гола, а Димов впшиша 7 погодоци.

jun2

ВАРДАР ЈУНИОР: Ивановски, Димов 7, Анѓелковски 1, Димовски, Георгиевски 1, Димитровски 3, Ангелов 9, Кизиќ, Ѓорѓески, Поповски 2, Трпчевски 1, Симиќ 4, Ристов, Стојковски 1, Манасков 3, Кукуловски 2.