Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Петар Давидовски: Сакаме да бидеме единствената генерација, која ја има освоено двојната круна
Петар Давидовски: Сакаме да бидеме единствената генерација, која ја има освоено двојната круна

Петар Давидовски: Сакаме да бидеме единствената генерација, која ја има освоено двојната круна

Генерацијата на фудбалскиот клуб Вардар родени 2003 година имаат можност за двојна титула во оваа натпреварувачка сезона. После освоеното прво место и трофеј во регионалната-скопска лига, избраниците на Трајановски ќе имаат можност да се борат за уште еден трофеј од купот на Македонија. Противник во големото финале ќе им биде екипата на Академија Пандев од Струмица. Мечот ќе се одигра во четврток со почеток од 17:00 часот на стадинот “Борис Трајковски“ во населбата Маџари. Во пресрет на големото финале во купот, своите очекувања за нашиот сајт, ги сподели капитенот на Вардар, Петар Давидовски.

-Сите ние заедно како екипа сакаме да го освоиме купот и да бидеме единствена генерација која ја има освоено двојната круна оваа сезона. Со екипата на Академија Пандев имаме одиграно два натпревари на турнир во Бугарија каде што издвојувавме една победа и еден нерешен резултат. Свесни сме дека пред себе имаме тежок противник, но доколку сакаш да бидеш најдобар мора да си подготвен за победа против било кој противник. Шансите на двте екипи се 50:50, бидејќи А.Пандев се добра екипа која никако несмееме да ја потцениме. Јас верувам во себе, во моите соиграчи и во тренерот и се надеваме на триумф.

Звонко Ивановски