Кугларите на Вардар ја преставуваат Македонија на Европскиот куп, кој оваа сезона се игра во Брчко. Вчера на првиот ден беа одлични, за тоа известија на својата страница, во објавата се вели:
На првиот натпреварувачки ден на Европскиот куп во Брчко по два играчки настапи сме најпријатното изненадување во конкуренција на европски великани од екипи. Просек 612,5 по првиот ден, брилјираше Пецо Димовски со личен рекорд од 629, Саша Јанковиќ со повеќе од солидни 596.