КАДЕТИТЕ СО ПЕТ ГОЛА ВО МРЕЖАТА НА ТЕТЕКС.
Кадетите на ФК Вардар во рамки на 5.коло ја пречекаа екипата на Тетекс од Тетово. Црвено-црните кадети на оваа средба остварија победа со резултат 5-2 (3-1).
Ова беше натпревар во кој што имавме постојана контрола на играта и резултатот. Брзо поведовме во 6 минута со 1:0 со голот на Дамјан Спасовски од слободен удар. Продолживме со иницијатива и набрзо постигнавме гол , Злате Радески во 8 минута погоди за 2:0, после центар шут од Михајловски. До крајот на полувремето прво ние преку Хабиб Бектеши во 37 минута погодивме за 3:0 кој се најде на вистинското место после одбиена топка, но и гостинот намали на 3:1.
Во второто полувреме се играше рамноправно и гостинот прво намали на 3:2 но до крајот притиснавме и прво во 73 минута преку Александар Миовски после една одлична асистенција на Матеј Ѓорѓиевски зголемивме на 4:2, а со голот на Давид Цековски во 87 минута го поставивме конечниот резултат од 5:2. Во шанси на овој натпревар се најдоа и Марко Крстевски и Михаил Танчев.
Вардар: Краљевски Максим (К), Спасовски Дамјан, Атанасовски Лука, Крстевски Марко, Танчев Михаил, Туша Харбин, Галевски Кристијан, Михајловски Олег, Радески Златко, Бектеши Хабиб и Смиљков Филип.
Играа уште: Милошоски Александар, Анастасов Матеј, Хасиќ Мирза, Ѓорѓиевски Матеј, Миовски Александар, Цековски Давид и Бошковски Андреј