Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > 76.години од раѓањето на легендарниот вардаров кугларски тренер, Драги Димитровски
76.години од раѓањето на легендарниот вардаров кугларски тренер, Драги Димитровски

76.години од раѓањето на легендарниот вардаров кугларски тренер, Драги Димитровски

Денес е роденден на еден племенит човек, личност која пред две години го напушти овој свет и се пресели во вечноста тренерот на кугларскиот клуб Вардар, Драги Димитровски.  Својот живот му го посвети на овој “мал спорт“ со голема душа.

Истиот беше од најуспешните и најдолготрајните кугларски тренери во Македонското куглање. Активен уште од самото основање на македонската кугларска лига, кога беше играч и тренер на актуелниот многукратен шампион Макпетрол, еден од најзаслужните што овој клуб денес е она што е. Во својата кариера тренер бил на Работнички од кој создаде генерација која денес го држи главниот збор во мак-куглањето. Димовски во својата кариера бил и на челото на македонската сениорска и јуниорска репрезентација.

t2

По овој долг пат Драги на залезот на својата кариера реши да биде тренер на Вардар, каде му даде основи на тимот, тој успеа да го стабилизира и да го насочи кон врвот во МКЛ. Покрај тоа, создаде нова плејада млади куглари, кој ги менторираше.

Вечен помен, чичко Драги!